Кога го укинале предметот Монструм, припадници на Управата за безбедност и контроразузнавање ја убедувале Обвинителката за организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, дека има доволно докази обвинитите да бидат осудени.
„Јас многу малку знам за предметот, кога беа приведувањата, јас тогаш бев со уште две мои колешки во МВР. Не можам да кажам детали за предметот ниту пак свое мислење, но кога го укинаа и кога разговарав со луѓето од тогашното УБК и полицијата тврдеа дека тие се тие луѓе кои го сториле тоа кривично дело и дека има доволно докази“, изјавила Русковска за емисијата „Трилинг“.