Принцот Хари во петокот пристигнал во Британија, точно 5 дена пред свечената церемонија на откривање на статуата посветена на неговата мајка, принцезата Дајана. Само толку му беше потребно за да ја испочитува процедурата за карантин.

Вчера во текот на церемонијата прв пат се сретна со брат му, принцот Вилијам а ова е нивна втора јавна средба по интервјуто кај Опра Винфри. Првата средба беше за време на погребот на принцот Филип, кога тие двајца заедно со Кејт Мидлтон беа видени како разговараат.

Како што пренесуваат медиите во Британија, принцевите се слушнале по телефон во текот на претходните денови за да се договорат околу оваа церемонија. За време на оваа средба тие разговарале и за фудбалот.

Аналитичарите велат дека ова е секако голем прогрес во односот на Вилија и Хари, но дека ситуацијата е далеку од идеална. Како што пренесуваат медиумите, на принцот Хари му било кажано дека кралското семејство го очекувале неговото повторно доаѓање како и тоа дека се надеваат дека ќе го видат неговиот син Арчи, кого до сега само два пати го виделе од неговото раѓање.