Принцот Вилијам бил многу вознемирен од интервјуто што Меган Маркл и принцот Хари со Опра Винфри, пренесува „The Sun“.
Имено, извори блиски до принцот Вилијам за британските медиуми изјавиле дека тој сѐ уште е многу повреден од одлуката на Хари и Меган да заминат од британското кралско семејство и покрај тоа што помина околу една година откако парот се пресели во Калифорнија, а по нивните неодамнешни изјави во шокантното интервју, принцот Вилијам едноставно веќе не знаел што да мисли.

„Откако му помина чувството на гнев за сѐ што се случи во минатото, тој сфати дека му недостасува неговиот брат. Тие делеа сè во животот, канцеларијата, фондацијата, постојано имаа состаноци и секогаш се забавуваа заедно“, открил изворот.
Во меѓувреме, близок пријател на кралските браќа изјавил дека Вилијам „дефинитивно го чувствува притисокот“ и дека изминатиов период е навистина стресен за него.
Сепак, изворот открил и дека Вилијам сепак се надева дека неговиот однос со неговиот брат ќе се подобри со текот на времето, и покрај фактот што нивниот последен разговор по интервјуто, не завршил добро.

Покрај тоа, принцот Вилијам бил вознемирен што Хари во интервјуто пред светската јавност ги изнесе тврдењата за расизам во палатата, како и дека Вилијам и неговиот татко, принцот Чарлс, се чувствуваат заробени со своите кралски должности.
Според изворите, Вилијам немал проблеми со извршувањето на своите должности и целосно ја прифатил својата кралска улога.
Како што пишуваат британските медуми, неговиот однос со кралицата Елизабета Втора и останатите членови на кралското семејство од ден на ден е сѐ подобар и подобар, со оглед на тоа што Вилијам по интервјуто беше првиот што го одбрани кралското семејство.