За разлика од многуте жени кои станале снаи во британското кралско семејство, војвотката од Кембриџ не морала да се согласи на некои тешки приватни откажувања…
Војвотката од Кембриџ Кејт Мидлтон (38) е многу блиска со своето семејство – родителите Керол и Мајкл, братот Џејмсон и сестрата Пипа Мидлтон. Како што пишуваат британските медиуми, нејзиниот сопруг принцот Вилијам ѝ ветил дека нивниот однос нема да настрада откако Кејт ќе стане член на кралското семејство.

Во документарниот филм „Кејт Мидлтон: Од работничката класа до Виндзор“, новинарката Кејти Никол објасни дека Вилијам со тоа го прекршил стариот обичај неговата сопруга да го остави своето семејство зад себе.

„Кога Вилијам ја запросил Кејт, јасно ѝ дал до знаење дека нема да мора да го остава своето семејство зад себе кога ќе влезе во неговото семејство. Ѝ ветил дека тие секогаш ќе бидат дел од семејството, а тоа е така и до денес. Така членовите на семејството на Кејт се присутни на бројни случувања кои ги организира кралицата“, истакна таа.

Најблиското семејство на војвотката секогаш присуствува на семејните собири, а на венчавката на сестрата на Кејт, Пипа Мидлтон, еден од гостите беше и братот на Вилијам, принцот Хари, додека на венчавката на Хари присуствуваше целото семејство Мидлтон.
Преземено од Еспресо.мк