Благодарение на неговиот кралски статус, принцот Вилијам е едно од најпознатите фаци во светот, а до неодамна ја носеше и титулата „најзгоден ќелав маж“. Сепак, неколку недели откако стана принц од Велс, во ова го престигна познат актер.
Истражувањето беше спроведено од агенцијата за оптимизација Reboot, која користеше неколку фактори за своето истражување, вклучувајќи го Златниот сооднос, јавното мислење, нето вредноста и висината. Да потсетиме, техниката Златен сооднос ја користеле многу уметници со цел да постигнат рамнотежа и убавина во нивните дела, најмногу скулптури и слики.
Така настанала листата од 10 славни мажи, каде Вин Дизел го зазел првото место, како „најзгоден ќелав маж на светот“. Ѕвездата на „Брзи и бесни“ доби 6,46 од 10, додека поранешниот број еден принцот Вилијам мораше да се задоволи со петтото место со 6,13.
По него следуваат Стенли Тучи и Шемар Мур
Веднаш зад Дизел се Стенли Тучи, Шемар Мур, Питбул, а потоа Џејсон Стејтам, Брус Вилис, Џо Роган, Двејн Џонсон и Мајк Тајсон, кој има најниска оценка, односно 2,50.
Инаку, користејќи го Златниот сооднос, познатиот естетски хирург Џулијан Де Силва пресметал кои десет жени се сметаат за најубави, а првото место и припадна на актерката Џоди Каме. По неа следат Зендаја, Бела Хадид, Бијонсе и Аријана Гранде.