Кејт Мидлтон и принцот Вилијам денес објавија нова фотографија од најмладиот син, принцот Луис.
Кејт Мидлтон и принцот Вилијам сега веќе и со традиција, секој роденден на своите деца го прославуваат така што, меѓу останатото, објавуваат и нова фотографија на официјалниот Инстаграм профил.
Денес малечкиот принц го слави својот трет роденден, а фотографијата наводно ја сликала самата Кејт Мидлтон пред само неколку дена. Принцот Луис позира на црвен велосипед при првото заминување во градинка.
Кралскиот пар има три деца, најстариот, принцот Џорџ има седум години, а принцезата Шарлот пет.