Принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл ќе го прекинат својот медиумски молк во нивното ново интервју со Опра Винфри.
Војводата и војвотката, кои објавија дека го очекуваат своето второ дете, следниот месец ќе седнат со медиумскиот магнат Опра Винфри. Интервјуто ќе се емитува на 7 март на „CBS“.
„Винфри ќе разговара со Меган, војвотката од Сасекс, во широко интервју опфаќајќи сè – кралскиот живот, бракот, мајчинството, филантропската работа, до тоа како се справува со животот под силен притисок на јавноста“, изјавија од „CBS“.
Винфри, една од највлијателните жени во Америка, го заврши своето најдобро рангирано дневно телевизиско ток-шоу во 2011 година.
„Потоа ќе им се придружи и принцот Хари, оддека зборуваат за нивната преселба во САД и за нивните идни надежи и соништа за нивното семејство кое се шири“, додаваат од компанијата.
Принцот Хари и Меган се венчаа во 2018 година со свечена церемонија која го привлече глобалното внимание. Но, подоцна, по несогласувањата со другите членови на британското кралско семејство и соочувајќи се со интензивното медиумско внимание, тие решија да се повлечат од своите официјални кралски улоги.
Двојката минатата година се пресели во Јужна Калифорнија заедно со својот син Арчи и оттогаш потпишаа повеќегодишен договор со „Netflix“, што претставува голем чекор во нивниот план да функционираат надвор од кралското семејство.
Врската на двојката со британските медиуми се влоши во периодот по нивниот брак и парот започна бројни судски спорови против неколку весници. Минатата недела, Меган ја доби судскиот спор против „Associated Newspapers“ откако весникот „Mail on Sunday“ објави извадоци од писмо што му го напишала на нејзиниот татко во август 2018 година.
Од Бакингемската палата засега нема коментар за планираното интервју. Изво