Принцот Хари и Меган Маркл се преселија во Лос Анџелес со нивниот син Арчи минатата година, откако се повлекоа од сите службени должности на кралското семејство.
„Срцето на Хари е скршено поради напуштањето на кралското семејство, но тој и неговата сопруга Меган се задоволни од новиот живот во САД“, рече нивниот близок пријател и водител Том Брејди во интервјуто во емисијата на ИТВ, додавајќи:
„Дали се несреќни таму? Не, не мислам така, мислам дека тие се всушност многу среќни, но ќе се борат за своето место во животот, мислам дека ќе го сторат тоа“, рече тој.