Принцот Филип, сопругот на британската кралица Елизабета Втора, останува на болничко лекување, откако тој беше изложен на „успешната операција“ поради проблеми со срцето.

Откако првично беше примен во приватната болница „Кралот Едвард VII“ во Лондон, војводата од Единбург е префрлен во болницата „Свети Вартоломеј“ каде била извршена интервенција.

Според извештаите, тој за време на викендот е вратен во болницата „Кралот Едвард“. Експертите за кралското семејство на овој знак гледаат како на знак дека неговата здравствена состојба е подобрена, но палатата не сакаше да ја коментира неговата состојба.

Вчера претставниците на сопругот на кралицата Елизабета Втора пред новинарите изјавија:

„Се очекува војводата да остане во болница поради продолжување на лекувањето на уште некој период“.