Британскиот принц Филип има инфекција и ќе остане во болница уште неколку дена, соопшти во вторникот Бакингемската палата.

Британскиот принц и сопруг на кралицата Елизабета Втора, беше хоспитализиран минатата недела, а кратко потоа од палатата потврдија дека не станува збор за коронавирусот.

EPA - EFE
EPA-EFE

еговиот престој во болницата беше продолжен, па кралското семејство, во необичен потег, реши да ја објави неговата здравствена состојба, иако не прецизираа за каква инфекција станува збор.

EPA-EFE
Пред болницата „Кинг VII“ во Лондон / EPA-EFE/NEIL HALL

Војводата од Единбург останува во болницата „Кинг Едвард VII“ каде добива лекарска помош за инфекцијата“, се вели во соопштението од палатата.

EPA-EFE
ЕPA-EFE/TIM IRELAND

Тој е добро и реагира на терапијата, но ќе остане во болница уште неколку дена“, додаваат од палатата.

EPA-EFE
EPA-EFE/NEIL HALL

Колку што сум запознаен и од разговорот со него, тој е многу подобар… Со нетрпение очекува да излезе, што е најпозитивното нешто… Значи стискаме палци“, изјави синот Едвард, најмладиот
од четирите деца на принцот Филип и кралицата Елизабета за „Sky News“.