Подобро е да се спречи отколку да се лечи е реченица која секој ја знае уште од раното детство. Во современите системи на примарната здравствена заштита, значењето на оваа фраза е преведено во превенција, а превенцијата е главната причина за зголемената глобална популарност на програмите кои промовираат здрав начин на живот. Во здравствената заштита, каде што овој концепт е најпопуларен, логиката е прилично јасна: да се решат причините за лошото здравје, наместо да се чека да се излечи болеста.

Тоа е логиката која се наоѓа и во средиштето на концептот за намалување на штети од пушењето, за чија поактивна примена во борбата против оваа лоша навика се повеќе се залагаат експертите ширум светот. Концептот на намалување на штети од пушењето е пристап заснован на докази, кој сугерира дека најголемиот проблем кај цигарите е чадот од тутунот што се ослободува кога ќе се запали тутунот, а не никотинот.

Науката одамна утврдила дека, иако не е без ризици и предизвикува зависност, никотинот не е примарна причина за болестите поврзани со пушењето. Од друга страна, познато е дека чадот од тутунот, кој се ослободува при палење на цигара, содржи повеќе од 6.000 штетни состојки, од кои околу 100 се класифицирани како штетни или потенцијално штетни.

Во согласност со тоа, примената на концептот на намалување на штети од пушењето подразбира напор да се намали штетата предизвикана од процесот на согорување, со научно засновани алтернативни извори на никотин за пушачите, кои од различни причини не ги оставаат цигарите, како што се уредите кои го загреваат, а не го загреваат тутунот.

Електронските уреди, како IQOS се базираат на технологија која го загрева тутунот и не создава чад и катран, туку аеросол кој, за разлика од чадот кој содржи само цврсти честички, е комбинација на течни капки, цврсти честички и воздух,. Како резултат на тоа, тие испуштаат помалку и пониски нивоа на штетни и потенцијално штетни состојки во споредба со чадот што се создава при согорувањето на тутунот. Кај технологијата на загревање на тутунот, во просек се создава 98 проценти помалку јаглерод моноксид и значително пониски нивоа на другите штетни состојки.

Нема сомневање дека целосното прекинување на консумацијата на тутун и никотин е најдобриот начин да се спречи штетата од пушењето, но искуството со текот на времето покажа дека апстиненцијата не е секогаш изводлива. Поради оваа причина, примената на концептот за намалување на штети од пушењето добива се поголема поддршка во експертските кругови како средно решение, токму во случаите кога апстиненцијата не е можна.

Едукацијата во овој сегмент е клучна и неоходна за подобрување на штетните навики кај луѓето кои консумираат традиционални цигари. Токму поради тоа, мора да продолжат постојните напори за обесхрабрување на луѓето од пушење и охрабрување на оние кои прават се да се откажат од цигарите. Но, дополнувањето на овие мерки, со пристапот за намалување на штетите од тутунот може да го забрза намалувањето на пушењето цигари. Ако се направат достапни и подобри алтернативи за пушењето и ако доволно пушачи се префрлат на нив, можеме побрзо да постигнеме значајна пресвртница во глобалното здравје – свет без цигари.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.