Неодамна монегашкиот владетел принцот Алберт ја замени својата сопруга на настан кој таа го промовира и го работи со години. Нејзиното отсуство ги загрижи луѓето во Монако, кои со години зборуваат за несреќната принцеза на тамошниот двор…
Иако е исклучително посветена, кога станува збор за нејзината работа во својата фондација, поради што секогаш се појавува на настани што го промовираат спортскиот живот меѓу децата и младите, принцезата Шарлин од Монако ги загрижи своите обожаватели кога на 11 мај беше заменета од нејзиниот сопруг, принцот Алберт II од Монако.

Тој, во име на фондацијата на принцезата Шарлин прими чек од 3.000 евра, што му го врачи Изабел Бонал, генерален комесар за национално образование, млади и спорт на Монако. Таа сума е наменета за основање на рагби школа во далечниот Еквадор.

Амбициозниот проект е само еден во низата започнати проекти од принцезата Шарлин, на која ова ѝ е веќе втор пат да не се појави на официјален настан на кој претходно била најавена. Принцот Алберт првпат се појави сам и на 8 мај на „Формула 1“ трката во Монако, придружуван од нивните две деца.

Инаку, во последните неколку недели Шарлин изгуби двајца драги пријатели, најпрво кралот на народот Зулу, Гудвил Звелитини, а потоа и неговата сопруга, кралицата Мантфомби Дламини.
Дали причината што принцезата Шарлин не се појавува во јавноста е смртта на нејзините пријатели или е нешто поголемо, засега не е познато. Принцот Алберт тврди дека луѓето немаат причина за загриженост.