Принцезата Латифа, ќерката на шеикот Мохамед бин Рашид ал Мактум, која во 2018 година безуспешно успеа да побегне од заливскиот град-држава, вели дека ја држат како заложник и дека стравува за својот живот, пренесуваат странските медиуми.

35-годишната Латифа, преку својот мобилен телефон, кој пријателите успеале да го прошверцуваат во вилата, праќала снимки на кои се гледале решетки на прозорците и вооружени стражари.
Снимањата ги правела во единствената просторија во куќата во која можела да се заклучи – во тоалетот. Неодамна пораките престанале да стигнуваат, па нејзините пријатели ги споделиле снимките со медиумите и апелираат до ОН да се обидат да ѝ помогнат.

Заложник сум, а вилата од која се јавувам е претворена во затвор. Не знам дали ќе преживеам. Полицијата ми се заканува дека остатокот од животот ќе го поминам во затвор и дека никогаш нема да ја здогледам сончевата светлина“, рекла Латифа и додала дека ситуацијата секој ден е сѐ полоша и полоша.

Снимката која ја добиле пријателите на принцезата во вторникот вечерта ја објавил ББЦ во емисијата Панорама.

Латифа првпат се обидела да побегне кога имала 16 години. Го запознала францускиот претприемач Харви Жауберт, а успеала да побегне со помош на нејзината инструкторка Тина Јаухианен. Со неа во февруари 2018 година се качила во гумен чамец и се упатиле кон меѓународните води, каде што Жауберт ја чекал на јахта која пловела под американско знаме. Кога јахтата била покрај индискиот брег, на неа се качиле командоси кои Латифа под закана со оружје ја вратиле во Дубаи, заедно со останатите на бродот, кои ги пуштиле по две недели притвор. Оттогаш Латифа веќе не се појавила во јавност.

Во едно од претодните видеа изјавила дека целиот свој живот е затворена, измачувана, тепана и цензурирана и дека е едно од 30-те деца на владетелот на Дубаи.

По аферата во април 2018 година владата на Дубаи навела дека принцезата е вратена на семејството и дека е добро. Британското правосудство во март 2020 годсина пресудило дека емирот на Дубаи наредил киднапирање на своите две ќерки Латифа и Шамса. Шамса на 18-годишна возраст се обидела да побегне од татко ѝ додека се наоѓала во Англија. Принцезата Хаја, која во 2004 година стана шеста сопруга на емирот побегнала во Лондон во 2019 година со нивните две деца.