Модната дизајнерка која ја потпишува познатата венчаница во која лејди Дијана Спенсер се омажи за принцот Чарлс од Велс откри дека паралелно постојано работела и на уште еден модел…

Како што објасни Елизабет Емануел, резервната тајна венчаница морала да биде подготвена во случај нешто да и се случи на првата, односно венчаницата која денес целиот свет добро ја памети.

Таа истакна дека Дијана би морала да ја носи втората венчаница во случај првата да дошла на некаков начин до јавноста, и да биде објавена.

Фото: Профимедиа

„Во тоа време сакавме да бидеме целосно сигурни дека венчаницата ќе биде најголемото изненадување“, изјави Елизабет за магазинот „People“, која на овој модел работела заедно со тогашниот сопруг Дејвид.

„Доколку некој на било каков начин ги откриеше главните тајни на оригиналната венчаница, Дијана веројатно ќе мораше да ја носи резервната“, додаде таа.

Втората венчаница била толку тајна што дури ниту членовите на кралското семејство не смееле да ја погледнат.

Фото: Профимедиа

„Дијана не ја проба. Никогаш не ни зборувавме за неа. Таа беше изработена како резервен план, со цел да бидеме сигурни дека доколку нешто се случи, ние имаме како да се покриеме“, раскажа искрено Елизабет.

Фото: Профимедиа

Нешто подоцна, во интервјуто за Дејли Мејл, таа изјави дека резервната венчаница на Лејди Ди потоа исчезнала. Овој модел никогаш не бил завршен во целост, туку биле сошиени само три четвртини од венчаницата, а основата на кројот требало да биде украсена и со чипка. Откако поминала венчавката и повеќе немало потреба за неа, ниту самата Елизабет не размислувала многу за неа.

Фото: Профимедиа

„Не знам навистина во таа гужва тогаш дали ја продадовме или ја одложивме негде. Беше тоа бурно време, сите медиуми и познати лица беа завртени кон нас поради нашиот потпис на венчаницата на принцезата Дијана, а ние бевме во хаос. Сигурна сум дека еден ден ќе се појави од некаде“, додаде таа.