Раперот Канје Вест доби неочекувана понуда од младиот син и наследник на саудискиот крал Салман, принцот Мохамед. Имено тој нуди вртоглави 10 милиони американски долари за да помине една ноќ со неговата сопруга, Ким Кардашијан.
Вест предизвика бура коментари и реакции откако во февруари на својот твитер – профил дека има „само“ 53 милиони американски долари личен долг.
Раперот побарал помош од Марк Цукерберг, кому му побарал милијарда долари за да продолжи да се занимава со уметност, пишува „Објектив“. Наводно, бидејќи ниту еден милијардер не одговорил на неговото барање, богатиот принц му понудил помош.
Саудискиот министер за одбрана, прицот Мохамед бин Салман својата контроверзна понуда ја соопштил за време на прес-конференција велејќи дека може да ги реши финансиските проблеми на Канје Вест.
Моќниот принц, чие богатство се проценува на повеќе од милијарда долари, е подготвен да му плати на раперот 10 милиони долари само да помине една ноќ со неговата сопруга.
„Воопшто не ми интересира неговата музика или неговата облека… Но неговата сопруга е богатство со непроценлива вредност. Со задоволство би платил 10 милиони долари или повеќе да поминам една ноќ со неа“, изјави прицнот пред новинарите на прес-конференцијата.
Ниту Канје Вест, ниту Ким Кардашијан до сега не реагирале во јавноста во врска со понудата, но веста веќе предизвика реакции од различни феминистички организации низ светот.
Во интервју за „Си-Би-Ес“, портпаролот на мрежата на жени „Џејн Остин“ изјави дека оваа понуда е „навреда за жените ширум светот“, велејќи дека тоа покажува дека жените продолжуваат да се третираат како предмети во одредени делови на светот.
Националната организација на жените дури повика на протест, што ќе се одржи пред саудиската амбасада во Вашингтон, во сабота.
Имено, ова дополнително ги „разгоре“ гласините дека Ким Кардашијан и Канје Вест се разведуваат по седум години брак, затоа што нема никаква рекација за ова случување од славните сопружници кои инаку се многу активни на социјалните мрежи.