Во природната нега на кожата, розовата глина е позната по своите неверојатни придобивки за сите типови кожа, но особено за дехидрираната и чувствителна кожа.

ШТО Е РОЗОВАТА ГЛИНА?

Розовата глина, всушност, е комбинација од бел и црвен каолин, која ги содржи придобивките од двата, па затоа има комплексен ефект врз кожата. Розовата глина, со неутрална ph вредност е богата со минерали, вклучувајќи го и силициум диоксидот, со што помага во подобрувањето на еластичноста на кожата, обновувањето на клетките и нормализирање на производство на себум, што резултира во еластична кожа со младешки изглед.

Во природната нега на кожата, розовата глина е позната по своите неверојатни придобивки за сите типови на кожа, но особено за дехидрираната и чувствителна кожа. За разлика од другите типови глина, кои функционираат на принципот на апсорбирање на вишокот на влага и отстранување на маснотијата, розовата глина не ја отстранува бариерата од природните маснотии на кожата, што ја прави совршена за дехидрираната и чувствителна кожа на која ѝ е потребна хидратација.

ПРИДОБИВКИ ОД РОЗОВАТА ГЛИНА  

Розовата глина како козметичка состојка уште ја нарекуваат и „чистач на пори“. Прави детоксификација на лицето и ги намалува порите без да ја отстрани заштитната бариера на кожата и ги обезбедува потребните природни минерали за добро функционирање на кожата.

Помага да се намалат иритациите, воспаленијата, црвенилото и проблемите со акните преку смирување и балансирање на кожата и здраво обновување на клетките.

Прави нежен пилинг на кожата и дава чувство на свиленкаста, мека и мазна кожа. Со подолготрајна употреба, помага во минимизирањето на црнките и во добивањето сјаен и избалансиран тен и тониран изглед.

РОЗОВАТА ГЛИНА ВО КОЗМЕТИКАТА НА LAPOTHICELL

Поради своите својства, розовата глина често се користи во маските за лице, третманите и лосионите за чистење и освежување на уморната и дехидрирана кожа.

Од широкиот асортиман на производи од познатиот корејски бренд Lapothicell, Olpeo ги издвои Pore Purifying Clay Mask и Oil-Cut Clay Lotion од линијата со розова глина.

Pore Purifying Clay Mask, маската со глина за прочистување на порите, ја отстранува насобраната мaснотија и нечистотијата од порите. Се нанесува на кожата нежно како крем, а потоа лесно се отстранува со миење. Ја подобрува текстурата на кожата преку намалување, прочистување и затегнување на порите.

Благодарение на природните состојки како што се екстрактите од лист од Cryptomeria japonica, Agrimonia eupatoria, лотус и шпански сладок корен, маската ја негува кожата, делува смирувачки на чувствителната кожа и ѝ го враќа балансот на кожата која нема баланс помеѓу водата и мастите.

Oil-Cut Clay Lotion, навлажнувач на база на глина, кој ја прави кожата мека и кадифена преку впивање на вишокот на мaснотија, без сушење на кожата. Свежата навлажнувачка формула, која на кожата ѝ ја дава потребната хидратација, го отстранува изгледот на мaсна кожа, делува смирувачки на чувствителната кожа и ѝ го враќа балансот на кожата на која ѝ недостига баланс помеѓу  водата и мастите.

Розовата глина или каолин (100% од природно потекло) во комбинација со состојката силика, помагаат за свежиот изглед на кожата во текот на денот, без вишок маснотија. Формулата со навлажнувачки состојки добиени од маслинка имаат одлично хидратантно дејство. Екстрактот од Centella asiatica и Houttuynia cordata, познати по смирувачките ефекти, нудат фантастични придобивки за кожата како што се инстантна хидратација и активно смирување на иритираната кожа. Хијалуронската киселина обезбедува постепена хидратација во сите слоеви на кожата, правејќи ја кожата влажна, свежа и еластична.

И двата производи нудат здрава формула без штетни состојки и без парабени.

ЗА БРЕНДОТ LAPOTHICELL 

Lapothicell e корејски бренд за дермо-козметика, лансиран во 2015 година, чии производи се создадени со обединување на новите научни сознанија и иновативната технологија. Името Lapothicell е сложенка создадена од два збора, стариот француски збор „lapothi“ што значи „лекува“ и англискиот „cell“, кој во превод значи „клетка“, поврзани со цел да ја пренесат пораката „да се излечат клетките“. Производите на Lapothicell пружаат суштински третман и решение за проблемите кои се јавуваат кај сите типови кожа.

Производите на Lapothicell се ексклузивно достапни во Olpeo, продавница специјализирана за корејска козметика, отворена во февруари 2019 година, која е единствена од ваков тип во нашата земја. Продавниците Olpeo се наоѓаат во ГТЦ во Скопје на првиот кат, во Палма мол во Тетово, како и на нашата веб-страница: www.olpeo.mk.

Olpeo e специјализирана продавница за корејска козметика, која нуди избор од преку 300 производи од 11 корејски брендови со кои можете да ја практикувате познатата корејска рутина за нега во повеќе чекори.

(комерцијален текст)