Tелото развива две реакции на вакцината: иницијален одговор на имунолошкиот систем и адаптивен имунолошки одговор.

Некои луѓе по вакцинирањето доживуваат несакани ефекти кои ги заглавуваат во кревет ден или два, а други се чини дека воопшто не доживуваат никакви нус-појави. Тогаш, што значи тоа ако сте на едниот крај на спектарот или некаде насредината? Дознајте ја клучната причина за различните реакции на вакцините кај примателите.

Доктор Роберт Финберг, професор на Универзитетот „Масачусетс“ појаснува дека телото развива две реакции на вакцината: иницијален одговор на имунолошкиот систем и адаптивен имунолошки одговор кој настапува нешто подоцна и помага во заштитата при подоцнежен контакт со вирусот, пишува „Best Life“.

Долготрајниот адаптивен одговор се потпира на Т и Б клетките на имунитетот, кои учат како да го препознаат вирусот, односно неговиот протеин. Ако се појави повторно, по месеци или години во иднина, тој одговор на имунитетот ќе го препознае стариот непријател и ќе започне со производство на антитела кои ќе го уништат, појаснува лекарот.

Доктор Марк Лоафман, вели дека реакцијата на организмот, всушност, е рефлексија на тоа колку нашите имунитети се разликуваат. Што се однесува на тоа колку добро вашето тело ги развива овие Т и Б клетки, д-р Лоафман рекол дека реакциите на вакцините се „навистина само одраз на тоа колку е уникатен секој наш систем.

Секој имунолошки систем е мозаик на она што сме го поминале, што во моментот го поминуваме и што во себе го имаме. Така, индивидуалниот одговор варира од лице до лице. Сите добиваат соодветен имунолошки одговор – појаснува тој.

Доктор Крис Томпсон, имунолог на Универзитетот „Лојала“ во САД, појаснува дека на вакцините реагираме различно поради бројни причини, па напоменува декa општото здравје, генетиката, околината, возраста и полот ги сочинуваат само некои од факторите. Дури и ако се чувствувате добро по вакцината, тоа не значи дека вашиот организам не пружил добар имунолошки одговор.

Најчесто се појавуваат последици како болка, црвенило, оток, замор, главоболка или мачнина, наведуваат стручњаците, но кој било од симптомите, без разлика дали се благи или интензивни, не значи дека вакцината делувала послабо или подобро. Научниците до денес не ја поврзале јачината на реакцијата со подобриот адаптивен одговор.

Ако сте немале реакција, тоа не значи дека вашиот имунолошки систем не работи. Не би се фокусирал на таа реакција како доказ за дејствувањето на лекот – напоменува д-р Џејмс Фернандез, алерголог.

Само околу 50 отсто од вакцинираните имале реакција која не била болка во раката, додека 95 отсто од нив биле заштитени од потешка форма на ковид-19“, додава тој.