Вчера полициски службеници од ОВР Виница поради основано сомнение за сторено кривично дело „присвојување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни ресурси“ по чл.265 од КЗ, ги лишија од слобода 61-годишниот И.А. и 63-годишниот С.А., двајцата од село Јакимово, виничко, 66-годишниот Д.Т. од Кочани, 62-годишниот М.И. и 30-годишниот Ј.М., двајцата од Виница.
Постапувајќи по претходна пријава, полициски службеници на пат во атар на село Калиманци сопреле патничко возило „фиат браво“ со штипски регистарски ознаки, управувано од С.А. со сопатници И.А. и Д.Т. и патничко возило „опел вектра“ со штипски регистарски ознаки, управувано од М.И. од Виница со сопатник Ј.М., при што во двете возила биле пронајдени и одземени метален детектор и алат.
По насоки на надлежен јавен обвинител и по извршени проверки во содејство со кустоси од Музеј „Теракота“ Виница во село Калиманци било констатирано дека пријавените во временскиот период од 13 до 15.12.2025 извршиле ископ.
По наредба на Основен суд Виница, извршени се претреси во домовите на М.И., С.А. и И.А., при што биле пронајдени и одземени шест метални детектори, кутија со 43 златни и сребрени монети со различна големина и друг алат. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Текстот При претреси во Виница и виничко пронајдени шест метални детектори, кутија со 43 златни и сребрени монети: петмина уапсени е превземен од МАКФАКС.






















