При експлозија на плинска боца во менувачница во центарот на Белград повредени се шест лица. Според очевидците експлозијата била толку силна што се скршиле стаклата на околните дуќани.
-Плинската боца очигледно не била добро одржувана, барем така говори прелиминарниот извештај. Сопственичката на менувачницата побарала помош во ресторанот преку улицата, менаџерот тргнал да помогне и тогаш се случила експлозијата, па и тој е меѓу повредените. Пожарот е изгаснат и сите станари на зградата се безбедни. Ова е поука дека сите што имаат плински боци треба да ги сервисираат преку овластени сервисери, изјавил аменик-градоначалникот на Белград, Горан Весиќ.