Двајца вработени во Клиничката болница во Тетово пријавиле во полицијата дека биле физички нападнати, потврдува МВР откако вчера ТВ21 објави за овој инцидент.

-Во 12 часот и 45 минути, А.Е.(41) од Тетово пријавил дека околу 11 часот во тетовската Клиничка болница, каде бил вработен, физички бил нападнат од  Н.С.(50) од тетовско Селце, исто така, вработен во болницата. Набрзо потоа, Н.С. пријавил дека тој бил физички нападнат од А.Е и од уште неколку други лица кои не биле вработени во болницата. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од СВР Тетово.