Полицијата ќе им поднесе пријави на 49 лица кои вчера го одбележаа празникот Водици со капење во Охридското Езеро, и покрај забраната на организираното прославување поради пандемијата.
Според МВР вчера кај месноста „Сараиште“ на ул. „Цар Самоил“ во Охрид, забележана била поголема група граѓани кои биле легитимирани од страна на полицијата.
-Поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „непостапување по здравствени прописи за време на епидемија“, полицајците ги провериле овие 49 лица и по целосно документирање, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава, соопштија од МВР.