Холивудската актерка со индиско потекло Пријанка Чопра несомнено е една од најубавите актерки во светот, а во последните неколку години привлекува внимание и со нејзниот брак со пејачот Ник Џонас.

Имено, поранешната Мис на светот често објавува фотографии на својот инстаграм-профил, но многу ретко се случува да сподели некоја фотографија од нејзиното минато.

Но, сега Пријанка со своите пријатели и обожаватели реши да сподели ретро фотографија на која позира во бели панталони и бел костим за капење.

Срам? Никогаш не сум слушнала за тоа. На 19-годишна возраст“, напиша Пријанка во описот на досега невидената фотографија.

Но, она што е впечатливо на фотографијата е тоа што нејзиното лице изгледа многу поразлично отколку сега. Може да се забележи дека имала операција на носот, а и самата Чопра пишувала во своите мемоари „Unfinished“ дека била принудена да го направи тоа од здравствени причини.

Актерката во своите мемоари објасни дека операцијата на носот требало да биде рутинска, но за жал, хирурзите ѝ го уништиле лицето и таа не можела да се препознае.

Мојот оригинален нос повеќе го немаше. Лицето ми изгледаше сосема поинаку. Тоа не бев јас“, напиша Пријанка во книгата, која поради изгледот изгубила улоги во два филма.

Таа во книгата откри и шокантни детали од нејзиниот живот и рече дека одредени луѓе ја убедувале да посегне по пластични операции за да успее во светот на актерството.

Првата личност што ја запознала во филмската индустрија ѝ предложила дека треба да стави силикони во градите и да ги поправи своите „пропорции“, а со тоа се согласил и нејзиниот тогашен менаџер.

Profimedia
Profimedia

Набргу потоа, таа го отпуштила менаџерот и иако не посегнала по споменатите операции, сепак усепала во Холивуд.

Денес тоа е толку „нормализирано“ во индустријата“, заклучи актерката.