Министерот за здравство Арбен Таравари ги повика граѓаните да привајат доколку од нив се бара мито за вршење услуги во јавното здравство. Повикот доаѓа по вчерашното апсење на хирург од Битола, фатен со бележани 150 евра за операција на жолчка.
„Јас ги охрабрувам сите кои што имаат факти да ги донесат или кај нас или во МВР или кај раководителите на клиниките. Каде било да пријават тука сме да ги слушнеме и да провериме дали е вистина тоа што го кажуваат. За Битола имам точни информации. Директорката пред неколку дена беше известена од моја страна за одредени жалби за еден доктор. Сега не би сакал спомнувам имиња тука, но вакви акции секако дека ќе продолжат“, рече министерот Таравари.
Во Министерството за здравство министерот Травари вели дека добиле повеќе пријави и информации за злоупотреба на дополнителната дејност кој а им е дозволена на лекарите па тие пациентите кои ги прегледуваат на државно, за побрзо да бидат оперирани ги повикуваат попладне кога работат приватно.
„Ги информираме директорите и веќе има една акција. Имаше уште еден обид да се види дали се случуваат вакви злоупотреби за време на редовното работно време да се работат пациенти кои треба дополнително да се работат. Ние го даваме нашиот максимум, вработувања, колективен договор, покачувања на плати и бараме од медицинскиот персонал, медицинските екипи да бидат коректни и да ја вршат својата должност така како што треба“, вели министерот Таравари.
Неговиот став е дека лекарската комора треба да му ја одземе лиценцата на битолскиот хирург, но очекува за случајот за има и судска одлука.
Во вторникот попладне полицијата во Клиничката Болница го приведе 64-годишниот (М.С.), хирург во болницата под сомнение дека побарал и примил поткуп. Кај него биле пронајдени и одземени 150 евра кои претходно биле обележани. Полицијата извести дека лекарот ја направил операцијата на жолчно ќесе на пациентка, а потоа индиректно, преку сведок, ги побарал од синот парите кои биле пронајдени кај него.