Пријателите и соработниците се простуваат од Владимир Блажев – Панчо кој почина седум месеци по пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
„Џуџе мое, многу ќе ми фалиш“, напиша Перо Антиќ.
„Широко небо Панчо. Не наоѓам зборови џуџе, мислев нема да се дадеш“, стои во пораката на Миа Костова.
„Фала ти за секој совет, фала ти за поддршката што ми ја даваше секогаш во секое време, ќе ни фалиш на сите“, напиша Антониа Гиговска.
„Душата ми е распарчена стари…
Не сакам да верувам во ова што го читам и гледам.
Ти ми беше еден од ретките луѓе кои не бев сродство по крв, но го чувствував како роден брат.
Секогаш знаеше да ме дигнеш кога ќе паднам, беше тука за мене во најтешките и најсреќните моменти од мојот живот, знаеше да ме вратиш назад во живот како никој друг…
Стари мој, се што и да пишам за тебе е малце, ваква величина како тебе има само датум на раѓање, и еден цел живот е малце за благодарноста која што ја чувствувам секој ден од кога те запознав.
Никогаш нема да те заборавам, и ветувам ќе ја носам љубовта во мене како што само ти ме учеше. Фала ти за се, и се гледаме на друго место. Почивај во мир, ќе ми фалиш… <imgsrc=”” alt=”💔” class=”wp-smiley”>“, напиша Таско.
View this post on Instagram
Текстот Пријателите и соработниците се простуваат од Панчо од ДНК: „Џуџе мое, многу ќе ми фалиш“ е превземен од МАКФАКС.