Преживеанaта патничка Медина Љутфи раскажува пред бугарската државна телевизија БНТ што се случило во трагичната несреќа со автобусот што со себе однесе десетици животи. Според Медина, се се случило за неколку секунди.
„Сите спиеја. Имаше и еден човек зад мојот грб кој се обидуваше да се спаси. Вереникот ме разбуди и го скрши стаклото. Потоа слезе долу и ме повлече со него, вели Медина за бугарската државна телевизија БНТ.
„Брзата помош дојде за 4 минути. Додека бев со болничарите, тие ме замолија да контактирам со моите роднини во Македонија. Ми дадоа мобилен телефон да се јавам, бидејќи немаа интернет. Им кажав дека сум добро и дека закрепнувам“, вели Медина.