Владата ги презенираше 29 – те мерки од петтиот сет чија цел е закрепнување на економијата и излез од кризата. Помош е предвидена за тутунарите, занаетчиите, туристичко – угостителскиот сектор, транспортерите и медиумите. Компаниите ќе имаат опција да одберат помеѓу бескаматен кредит или помош за исплата на плати, но со изменети услови. Помошта за исплата на плати ќе се дава скалесто, како претходно, за компаниите кои имале пад на приходите од 30 проценти во ноември и декември 2020 и јануари 2021 споредено со претходната година. Но, парите доколку не сакаат да ги вратат во буџетот, ќе треба да ги инвестираат.
„Со овој пакет на мерки ги стимулираме компаниите да покажуваат добивка да растат и ако одлучат да инвестираат, тие пари тогаш не мораат да вратат во буџетот. Тоа е новината да биде јасно дефинирано, зошто, заради тоа што одиме кон излез од кризата, рестарт на економијата и сл. Да ги мотивираме сите копманиите“, рече премиерот Заев.
– Advertisement –
Целиот пакет тежи 160 милиони евра а директно од државната каса планирано е да се повлечат 91 милион евра. Но, засега, во буџетот има на располагање само 50 милиони евра. Остатокот ќе се обезбеди со ребаланс, вели министерот за финансии Фатмир Бесими.
„Издвоиме 50 милиони евра средства во програма Ковид искучиво за мерките и веќе од петиот пакет на мерки предвидува според динамиката е во рамки на 50 милиони евра да се реализираат во првата половина на годината, зависно од тоа како ќе тече реализацијата на проектираните мерките, а веќе споменевме и минатата година, ќе имаме соодветна корекција на буџетот“, рече Фатмир Бесими- Министер за финансии.
Граѓаните со последниот пакет ќе добијат бришење на камати кон јавни институции и претпријатија за заостанати сметки за вода, канализација, УЈП, данок на имот и слично. Главниот долг треба да се распредели на 12 месечни рати, а каматата да биде целосно отпишана. Овој пакет, според Заев, се надополнува со останатите четири пакети и има за цел да ја придивижи економијата и годината да ја завршиме со раст од 4 до 5 отсто.
Андреа Чобанова