Во Скопје, Битола и Струмица ќе се одржат презентации за можностите за стипендирање во бугарските високообразовни установи за учебната 2026–2027 година, согласно Одлука бр. 103/1993 на бугарската влада, за образовна дејност меѓу Бугарите во странство и Одлука бр. 228/1997 на бугарската влада за прием на државјани на Република Северна Македонија како студенти во државните високообразовни установи на Република Бугарија.

Како што информира Амбасадата на Бугарија во Скопје преку својата официјална Facebook страница термините и локациите каде што ќе се одржат средбите со кандидат студентите што сакаат да го продолжат своето високо образование во Бугарија се следните:

  • Скопје – Бугарски културно-информативен центар, 6 март во 12:00 часот
  • Битола – хотел „Милениум“, 7 март во 11:00 часот
  • Струмица – хотел „Есперанто“, 8 март во 11:00 часот.

Експерти од Министерството за образование и наука на Бугарија, заедно со експертите од Извршната агенција за Бугарите во странство ќе ги запознаат заинтересираните со условите по двете програми и ќе бидат на располагање за одговор на сите прашања, станува јасно од објавата на бугарската Амбасада во Република Северна Македонија.