Во рамките на проектот „Регионална сајбер безбедност во Западен Балкан -интервенции за Република Северна Македонија“, финансиран од Владата на Обединетото Кралство, денеска и утре во Скопје ќе се одржи работилница на владината мулти-секторска група.

Пред министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски денеска ќе биде презентирана Предлог-верзијата на минимум сајбер безбедносните стандарди кои треба да бидат задолжителни за владините институции, со цел отпочнување на нивно тестирање во период септември – декември годинава и препораки за креирање на политики во областа на сајбер безбедност.