Собранието почна со седница за пратенички прашања, ВМРО-ДПМНЕ ја напушти салата, Џафери даде еден час пауза, а потоа седницата повторно продолжи. Од собраниската говорница меѓусебни обвинувања кој го блокира законодавниот дом.
Најголемата дебата се водеше за тоа антикризните закони, односно зошто и кој манипулира со нив и зошто не се ставаат на дневен ред. Но, она што е добро е тоа што конечно пратениците се договорија антикризните закони да се најдат на дневниот ред.
Вонредната координација кај спикерот Џафери договорено е од седницата која беше спорна да се извадат сите закони, освен оние кои се однесуваат на 5-ти пакет мерки.
Од 29 точки, на дневниот ред на 36. седница останаа само четири – една за продолжување на кризната состојба на јужната и на северната граница, а другите три за имплементација на финансиската помош за фирми и физички лица – мерки што произлегуваат од петтиот антикризен пакет.
За повлекување на точките од дневниот ред гласаа дури 87 пратеници, односно речиси сите присутни во салата.
Четирите одлуки ќе се гласаат по скратена постапка откако за нив ќе заврши расправата во матичните комисии. Во меѓувреме, Собранието ја продолжи седницата за пратенички прашања.