ОВР Струга поднесе кривична пријава против Н.Т.(37) од селото Мешеишта, општина Дебрца.

Тој се сомничи за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“.

Имено на 02/03.10.2025 во атарот на струшкото село Мислешево, полициски службеници од ОВР Струга го затекнале пријавениот како управува патничко возило „митсубиши паеро“ без регистарски таблички натоварено со огревно дрво без документација.

Притоа, тој се обидел со возилото да ги удри полициските службеници, по што е лишен од слобода.

Текстот Превезувал дрва со возило без регистарски таблички па се обидел да ги удри и полициските службеници е превземен од МАКФАКС.