По средбите со претставници од различни области, за заокружување на политичката програма на Демократската унија за интеграција, експоненти на партијата се сретнаа со спортски работници во градот Тетово.

Актуелниот министер за надворешни работи и кандидат за претседател, Бујар Османи, ја истакна важноста од средби со луѓе од теренот, кои би помогнале во составувањето на адекватни политики со кои би се постигнал поголем успех и попродуктивни резултати.

„Програмата не е комплетна доколку не ги слушаме луѓето директно на терен за спортските прашања. Можеме да читаме различни идеи за спортот, но ако тие идеи не се компатибилни со потребите на луѓето со можностите на државата, останува слово на хартија “, изјави Османи.

„Цел ни е да раководиме со државата. Европскиот фронт не е само политички натпревар, туку ја менува нашата позиција. Тоа не обврзува уште подобро да ги осмислиме ветувањата. Затоа е важно да ги договориме прашањата поврзани со спортот, овде, заедно со вас“, заклучи Османи.

Додека министерот за образование и наука, Јетон Шаќири, рече дека спортските активности и поддршката на спортот е многу важен елемент што треба да се гледа од перспектива на вклучување во образовните програми. Тој рече дека нов фокус ќе биде и изградбата на спортски сали.

„Колку повеќе инфраструктурни проекти, во изградбата на спортски сали за различни категории спортови, како и спортски центри за различни спортски категории, толку подобро и полесно е континуираното спроведување на развојот на децата од основно образование до средно образование за постигнување поголеми резултати. Важен елемент ќе биде продолжувањето на реформата на спортската академија како државна институција, која ќе се реформира и од аспект на компетенциите на менаџирањето, но истовремено и од аспект на инфраструктурни проекти“, рече министерот Шаќири.