Косовските и српските делегации одржуваат средби во Брисел со специјалниот пратеник на ЕУ за дијалогот Косово-Србија, Мирослав Лајчак и неговиот тим. Утре треба да се одржи средба меѓу двете делегации, со посредство на европскиот блок. Лајчак очекува страните да најдат заеднички јазик. „Има многу итни прашања за кои треба да се разговара и со нетрпение очекувам да има напредок“, изјави тој. Последната ваква средба се одржа на 19 јули, но не даде конкретни резултати.