Рансомвер нападите врз американските бизниси, како последниот на ИТ фирмата Касеја со седиште во Флорида, ќе бидат дискутирани на состанокот на високи претставници на САД и Русија во следната недела, соопшти Белата куќа. Нападот за рансомвер во петокот ги измеша податоците на стотици мали бизниси ширум светот, вклучително и во Соединетите држави. Хакерите побараа 70 милиони долари за враќање на сите податоци на засегнатите деловни субјекти, иако тие посочија подготвеност да ги ублажат своите барања во приватни разговори со експерт за сајбер безбедност и со Ројтерс.

Advertisements

Прикажи повеќе