Лидерот на Движењето Самоопределување и кандидатот за премиер на Косово, Албин Курти и кандидатот за претседател на Косово, Вјоса Османи, за денеска ги поканија на состанок претставниците на парламентарните партии за да се разговара за конституирање на косовските власти по предвремените парламентарни избори одржани на 14 февруари. Самоопределување е победник на изборите и има 58 пратеници во Собранието на Косово. Вјоса Османи беше на парламентарната листа на ова движење и доби 300.788 гласа, повеќе од Демократската партија и Демократскиот сојуз на Косово заедно – втора и трета партија според резултатите.
– Advertisement –