Во четвртокот на полноќ во Националната установа за култура ,,Марко Цепенков” беше претставен танцовиот театарски спектакл ,,Натчовек”, јавува Трибуна.

Автор на текстот е драматургот Сашо Димоски, режисер на претставата е ѕвездата на велешкиот театар Васил Зафирчев а продукцијата е дело на драмскиот театар ,,Стојан Бачваров ” од Варна, Бугарија.

Театарската претстава беше дел од 58-то издание на меѓународниот театарски фестивал ,,Војдан Чернодрински” а гостувањето на драмскиот театар ,,Стојан Бачваров ” од Варна Бугарија беше поддржано од бугарскиот Културно информативен центар во Скопје.