Претседателот на Бугарија Румен Радев ги прими децата од Северна Македонија и Бугарија, кои претходно заедно сликаа пред Народниот театар Иван Вазов во Софиja како дел од иницијативата „Од двете страни на границата“ на бугарската фондација „Бугарска памет“ на познатиот бугарски бизнисмен, филантроп и мецена д-р Милен Врабевски, јавува Трибуна.
Средбата која траеше речиси еден час започна со извадок од книгата „Малиот принц“ која претседателот им ја прочита на децата. Потоа ја подари книгата на најмалата учесничка меѓу децата ликовни уметници.
„Сакам да ви честитам за прекрасната иницијатива, преку која покажувате дека со моќта на уметноста нашата заедничка граница треба да ги зближува луѓето, а не да ги дели. Се надевам дека ова што го правите е начин на кој ќе има многу побрзо зближување меѓу народите на нашите две земји“, рече претседателот Румен Радев.
„Многу ми е драго што денес можам да пречекам млади луѓе без никаков страв, без никакви предрасуди. Силно верувам дека примерот што го дадовте ќе го следат политичарите од двете страни – да заборават на стравот, да ги заборават предрасудите, да го направат она што не поврзува – нашата заедничка милениумска историја – да биде мост, а не да не разделува, токму во името на нашата заедничка европска иднина. Денеска сите зборуваме за оваа заедничка европска иднина, но вие сте залогот, вие сте нашата надеж дека ќе ја постигнеме, на таков прекрасен начин како што беше постигната денес“, рече претседателот.
„Сакам да ве уверам, особено нашите гости од Северна Македонија, дека бугарската држава подава рака за искрено пријателство со нашите браќа и сестри од Северна Македонија. Верувам дека и оваа рака ќе биде примена на чесен начин, за во иднина да се отстранат сите пречки – било физички граници или предрасуди – за да можеме навистина да ја изградиме нашата заедничка иднина.“ додаде Радев.
„Ви благодарам што денес, со вашиот цртеж, со тоа што сте заедно, со тоа што ја цртате и сликате заедничката иднина на младите од двете страни на границата – вие давате неверојатен пример на возрасните за тоа што и како треба да се прави“, рече уште бугарскиот претседател Румен Радев.
„Платното со димензии 5 на 6 метри и го прикажува сонот за единство меѓу Северна Македонија и Бугарија“, изјави претходно за БТА Славчо Неделковски, директор на детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј“ (Битола). фигурите на момчето на позадината на знамето на Република Северна Македонија, кое подава рака на девојка, зад која е насликано бугарското знаме.
„Сликата испраќа единствена порака: „Уметноста не познава граници – да не ги градиме!“. И ова е универзална порака за опстанок на човештвото во целина“, рече Неделковски. „Уметниците од целиот свет, а особено во конкретниот случај од двете страни на границата на соседните земји, мора да творат без политика и партизација. Нивниот немирен дух е првенствено слободарски. Не смееме да дозволиме да биде заробен во лавиринтот на политиката. И ние ја испраќаме таа порака и зборуваме јасно и гласно. Особено што пораката е појасна кога доаѓа од млади визуелни уметници и таленти. Тие се нашата иднина. За се друго можеме да имаме свое мислење, но на нивна радост денеска нема простор за дискусија“, додаде тој.
Ова е трета ваква средба на уметници од двете земји во рамките на кампањата „Од двете страни на границата“ на фондацијата „Бугарска памет“. За време на нивната прва посета на Бугарија, младите од Северна Македонија и нивните бугарски „колеги“ сликаа во центарот на Пловдив. Втората посета се случи во Копривштица и Софија, а децата од двете земји отворија изложба во Народното собрание со слики посветени на пријателството од соништата меѓу двете земји.