Претседателот на државата Стево Пендаровски, на покана на претседателот на република Полска, Анджеј Дуда, на 24 и 25 октомври ќе престојува во официјална посета на Република Полска.
Од Кабинетот на Пендаровски најавуваат дека, тој ќе оствари средба и со премиерот на Република Полска, Матеуж Моравјецки, а заедно со претседателот Дуда ќе присуствува и ќе се обрати на тркалезна маса со претставници на полските комори и бизниси, како и македонски претставници од бизнис секторот, настан во организација на полската Агенција за инвестиции и трговија и Кабинетот на полскиот претседател.
Во рамки на официјалната посета е предвидено претседателот Дуда да го одликува претседателот Пендаровски со највисокото полско одликување, Орден на Белиот орел, додека претседателот Пендаровски ќе го одликува претседателот дуда со Орден „8 Септември“, како симбол на партнерството и пријателството меѓу двете држави.




















