Претседателот Стево Пендаровски денеска оствари средба со Илија Псалтиров, Сузана Тунева, Бекри Ајдини и Абдилџемил Саити, економски советници во амбасадите на Република Северна Македонија во Варшава, Анкара и Абу Даби и конзулатот во Минхен.
Advertisements
Новоименуваните економски советници го информираа претседателот Пендаровски за своите планови за претставување на потенцијалите на Република Северна Македонија како дестинација за инвестирање, за промоција на извозните потенцијали, како и за промоција на државата како туристичка дестинација.
Пендаровски, како што соопшти неговиот Кабинет, изрази уверување дека со нивниот ангажман четворицата економски советници ќе дадат придонес во насока на зајакнување на економската дипломатија и на привлекување на директни странски инвестиции, што ќе придонесе за обезбедување на нови работни места и економски раст.
Претседателот Пендаровски на четворицата економски советници им посака успех во претстојниот ангажман и изрази очекување за конкретни резултати во искористувањето на економските потенцијали меѓу нашата држава и државите што економските советници ги покриваат.