Претседателот на Стопанската комора на Србија, Марко Чадеж денеска му го отстапи мандатот како претседател на Управниот одбор на Стопанската комора за Западен Балкан (WB6CIF), на косовскиот колега, Љуљзим Рафуни, за време на Инвестициската конференција организирана од Коморскиот инвестициски форум, која денеска се одржува во Љубљана.

Чадеж одлучи дека е време за поголема доверба и соработка за да се намалат штетите во регионот.

-Време е да си веруваме еден на друг, да го славиме она што не обединува, а не она што не разделува. Затоа, решивме да му го отстапиме мандатот, како наша заедничка регионална комора, на нашиот драг пријател Рафуни. Заедно да изградиме подобра иднина за нашиот бизнис, да изградиме регион на успех од регионот на конфликтот, рече Чадеж и Рафуни го презеде мандатот.

Чадеж рече дека пред осум години никој не верувал дека е возможна соработка меѓу стопанските комори на Србија и и на Косово.

-И затоа ми е многу драго кога денес заедно гледаме колеги од целиот Балкан – Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Северна Македонија, Србија и Косово, споделуваме заедничка визија, споделуваме поинаква реалност, рече Чадеж.

-Денеска сум избран со четиригодишен мандат, досега на оваа позиција беше колегата од Србија, Косово за првпат раководи со оваа комора која ќе им помогне на домашните бизниси за да продрат на надворешните пазари, а овој механизам излезе од Берлинскиот процес, рече Рафуна.

Коморскиот инвестициски форум на Западен Балкан, кој ја покрива целата економија на Коморите, собра повеќе од 350.000 компании низ целиот регион.

Конференцијата дистрибуира информации за инвестициската рамка како и можности и предности на водење бизнис, но и компаративната предност на регионот на Западен Балкан во однос на другите инвестициски дестинации, во светлината на новите глобални случувања и приближувањето на синџирите на снабдување.

Овој настан собера компании од Словенија, Италија, Австрија и Хрватска, агенции за промоција на инвестиции од Западен Балкан, министерства одговорни за инвестициска политика и промоција, регионални организации и меѓународни финансиски институции и ќе обезбеди инклузивна и повеќедимензионална дискусија меѓу учесниците.