Претседателот на Собранието, Талат Џафери на денешната собраниска седница направи неколку последователни скандали. Првично на дневен ред не беа ставени два предлог-закони на Алијансата за Албанците, законот за основно и средно образование и законот за игри на среќа. Од друга страна, експресно ги опфати предлозите на мнозинството, кои беа поднесени многу подоцна од предлозите на АА.

Од таа причина, координаторката, Илире Даути побара процедурална интервенција при расправата за дневниот ред, но иако Правилникот го дава ова право на координаторот, Џафери не и даде збор, туку се обиде да и даде збор на министерката за труд и Социјална политика. Како што дозволува Правилникот, на говорницата излезе координаторот на АА и по реакцијата на пратениците од опозицијата, министерот го прекина говорот, а Џафери беше принуден да се предаде.