Францускиот напаѓач Килијан Мбапе може да биде ѕвезда на летниот преоден рок ова лето бидејќи одби да го продолжи договорот со ПСЖ.

Мбапе веќе неколку сезони е еден од најдобрите играчи во Париз, но очигледно е дека тој сака нов предизвик во кариерата. Овој млад напаѓач веќе неколку пати одбиваше да го продолжи договорот со ПСЖ, кој истекува следното лето.

ПСЖ сака Мбапе да остане член на овој клуб и во неколку наврати му понудија да ја продолжи соработката, но тој одби.

Се шпекулираше дека ПСЖ затоа може да го продаде младиот напаѓач кој сака да го донесе Реал Мадрид, но француските медиуми пишуваат дека парижаните немаат намера да го стават Мбапе на трансфер листата.

Медиумите во Франција пишуваат дека челниците на ПСЖ се лути што Мбапе го одбива новиот договор и сакаат да му го влошат животот уште полошо.

Наводно, претседателот на клубот Насер Ал Келаифи одлучил како ќе го „казни“ Мбапе доколку не го продолжи договорот до почетокот на новата сезона.

Имено, ПСЖ одлучи дека Мбапе ќе биде во списокот на тимот следната сезона, но дека секој натпревар ќе го следи од трибините, и дека воопшто нема да добие шанса за игра, без разлика колку е важен во својот тим.

На тој начин, Мбапе би бил без фудбал една година, а следното лето би можел да замине без отштета затоа што му истекува договорот.

Слична работа направи пред неколку години и Адриен Рабиот кога тој одби да го продолжи договорот половина година пред да му истече договорот, а потоа ги гледаше повеќето натпревари од трибините и потоа замина во Јувентус.

ПСЖ сигурно може да заработи над 100 милиони евра ова лето со продажба на Мбапе, но се чини дека парите не му се толку важни на Ал Келаифи бидејќи за него е поважно да му се одмазди на Мбапе доколку не прифати што клубот му нуди.

Мбапе пристигна во ПСЖ летото 2017 година од Монако за дури 145 милиони евра и се покажа како големо засилување.

22-годишниот напаѓач во дрес на Париз досега има одиграно 171 натпревар и има постигнато дури 132 натпревари и запишано 61 асистенција.