Претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли по денешната средба со македонскиот претседател Стево Пендаровски во Брисел, на Твитер објави дека повторил силната поддршка на Европарламентот за почеток на преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ.
– Одлична средба со Стево Пендаровски. Ја повторив непоколебливата поддршката на Европскиот Парламент за процесот на пристапување на Северна Македонија. Клучно е да се отстранат пречки за преговорите да започнат. Испораката на вакцини од ЕУ и Австрија е одличен сигнал во пресрет на ова, напиша Сасоли на Твитер
Excellent meeting with @SPendarovski! I reiterated @Europarl_EN's unwavering support to North Macedonia's accession process. It it crucial for remaining obstacles to be cleared for negotiations to start. Delivery of vaccines by EU and Austria is an important signal ahead of this. pic.twitter.com/TFg6cq5eMu
— David Sassoli (@EP_President) April 27, 2021