Чилеанскиот претседател Себастијан Пинера е казнет со 3.500 американски долари за неносење маска на јавно место.

Пинера беше казнет откако на социјалните мрежи се појави фотографија на која позира со една жена, а ниту еден од нив не носи маска.

Чилеанскиот претседател се извини веднаш откако фотографијата започна да кружи на социјалните мрежи. Тој објасни дека шетал на плажа недалеку од неговата куќа во градот Чачагва, кога една жена го препознала и го замолила да се сликаат.

Чиле има строги правила во врска со носењето маски, и тие се задолжителни на сите јавни места, а предвидени се и парични казни, како и затворски казни за непочитување, пренесува Ројтерс.