Претседателката на државата Гордана Сиљановска Давкова денеска ја примила амбасадорката на Романија, Адела Моника Аксинте.

На средбата, соопштија од кабинетот на Сиљановска Давкова, се разговарало за севкупните билатерални односи кои се засноваат на пријателство и взаемно почитување, при што заемната соработка се карактеризира со конструктивен и отворен политички дијалог.

– Во насока на продлабочување на соработката во различни сфери од заеднички интерес, претседателката Сиљановска Давкова истакна дека остануваме посветени на поттикнување на динамична билатерална соработка преку политичкиот дијалог, секторските партнерства, нашата соработка во рамките на НАТО и заедничките напори во регионалните иницијативи, се наведува во соопштението.

Во контекст на европските перспективи, претседателката Сиљановска Давкова изразила искрена благодарност за континуираната поддршка на Романија на нашиот пат кон ЕУ и за реафирмираната подготвеност за обезбедување на конкретна помош во иднина.