Вчера во село Горно Ботушје, општина Македонски Брод, со судска наредба, полициски службеници од ОВР Македонски Брод при СВР Битола извршиле претрес во домот на 55-годишниот З.В. во село Горно Ботушје, при што пронашле и одзеле ловечка пушка и 35 патрони за пушката.
Истиот ден, исто така со судска наредба, полициски службеници извршиле претрес и во домот на 56-годишниот Н.Ц. од село Горно Ботушје, при што биле пронајдени и одземени ловечка пушка и 14 патрони за пушката, соопшти МВР.
По документирање на настаните, против лицата ќе следуваат соодветни пријави.
Текстот Претреси во Македонски Брод, пронајдено оружје и муниција е превземен од МАКФАКС.