На локации во Скопје и низ државата во тек е акција на Одделот за сузбивање на организиран криминал и корупција во координација со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Акцијата е во врска со сторени кривични дела поврзани со сомнителни набавки на деривати.

– Одделот за сузбивање на организиран криминал и корупција при БЈБ, МВР во координација со ОЈО за ГОКК по Наредба на судија на претходна постапка врши претреси на локации во Скопје и низ државата во врска со сторени кривични дела поврзани со сомнителни набавки на деривати, штета од големи размери за буџетот на државата и штета врз здравјето на луѓето – информираа од Министерството за внатрешни работи.