Полицијата утрово изврши претреси на повеќе локации во Скопје за пронаѓање на оружје и дрога.

Во текот на утрово полициски службеници под раководство на јавен обвинител од обвинителството за гонење криминал и корупција, извршија претреси на повеќе локации во Арачиново, Ченто, Брест, Инџиково и Чаир поради основи на сомневање за сторени кривични дела поврзани со оружје и дрога.

Повеќе информации ќе бидат објавени подоцна.

Текстот Претреси на повеќе локации во Скопје за откривање дрога и оружје е превземен од МАКФАКС.