Финансиската полиција ја тресе прилепската болница, а во тек се претреси на осум локации.
„Основното јавно обвинителство Прилеп постапува во предистражна постапка поради сомненија за кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување, а поврзано со финансиското работење на болницата. Обезбедени се наредби за претрес на осум локации, а дејствијата ги презема Управата за финансиска полиција“, информираа од Обвинителството.
По претресите, предистражната постапка ќе продолжи со други дејствија за обезбедување докази.