На 09.12.2022 инспектори од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје по добиени оперативни сознанија и обезбедена судска наредба од Основен кривичен суд Скопје, извршиле претрес во дом и други простории кај А.С. (57) од Скопје.

При претресот пронајдени се околу половина килограм марихуана, две паковки амфетамин, две ваги шприц со масло од канабис и др.

Лицето е лишено од слобода и  против него  ќе биде поднесена кривична пријава.