Вчера во 12:35 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишија од слобода 25-годишниот Д.Л. од Радовиш.
Врз основа на судска наредба извршен е претрес во неговиот дом, при што се пронајдени повеќе различни пакувања со марихуана и дигитална вага со остатоци од марихуана. Лицето е задржано во Полициската станица Радовиш и за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш.
По документирање на случајот следува соодветна пријава.
Текстот Претрес во Радовиш, пронајдена е марихуана: уапсен 25-годишник е превземен од МАКФАКС.























